Handan Kazancı
11 Април 2020•Ажурирано: 12 Април 2020
РИМ (АА) - Папата Франциско, поглаварот на Римокатоличката црква, го предводеше традиционалниот обред за Велики Петок на скоро празниот Плоштад „Свети Петар“, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Традиционалната церемонија е преместена од Колосеумот на Плоштадот „Свети Петар“, поради пандемијата на вирусот Ковид-19 од кој во Италија починаа 18.849 луѓе, вклучувајќи и 570 смртни случаи во текот на изминатиот ден.
Ватиканскиот медиум „Ватикан њуз“ („Vatican News“) јави дека црниот крст е носен околу обелискот на Плоштадот до вратата на базиликата.
Крстот го придружуваа петмина затвореници од северот на Падова, која е сериозно погодена од пандемијата, и пет здравствени работници од Ватикан.
Папата Франциско на крајот од церемонијата ги благослови сите верници во светот.
Велики Петок е христијански споменден кој му претходи на најголемиот христијански празник Велигден.