Emel Gözellik
11 Април 2020•Ажурирај: 11 Април 2020
АНКАРА (АА) - Бројот на заразени со новиот вид коронавирус, Ковид-19, во светот надмина 1 милион 700 илјади, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите на веб-страницата „Worldometer“, каде што се собираат податоците за новиот вид коронавирус низ целиот свет, вкупниот број на заразени со Ковид-19 низ целиот свет ја достигна бројката од 1.700.378.
Земја со најголем број случаи на Ковид-19 се САД и таму се евидентирани 502.876, потоа следува Шпанија со 158.273 случаи, Италија со 147.577, Франција со 124.869 и Германија со 122.171 случаи.
Во Кина, каде што за првпат се појави Ковид-19, регистрирани се 81.953 случаи.
Земји со повеќе од 10 илјади регистрирани случаи, според „Worldometer“ се:
Велика Британија (73.758), Иран (68.192), Турција (47.029), Белгија (26.667), Швајцарија (24.551), Холандија (23.097), Канада (22.148), Бразил (19.943), Португалија (15.472), Австрија (13.561), Русија (11.917), Јужна Кореја (10.450) и Израел (10.408).
Ковид-19 за првпат се појави во декември минатата година во градот Вухан, во провинцијата Хубеј во Кина, и се рашири во скоро 200 земји и се претвори во пандемија.
Како резултат на епидемијата починаа 102.755 луѓе низ целиот свет, а се излекуваа 376.548 лица што беа заразени со вирусот. Во моментов 1.221.075 лица се лекуваат од Ковид-19.