Saadet Firdevs Aparı
06 Јануари 2022•Ажурирај: 07 Јануари 2022
АНКАРА
Четири лица загинаа, а 20 се повредени како последица на нападите на пирани во Парагвај од почетокот на годината, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на „Фокс њуз“ (Fox News), од почетокот на годината 4 лица загинале во напади на пирани, а 20 се повредени, што предизвикува загриженост кај локалното население.
На 4 јануари, властите, во реката Парагвај го пронајдоа телото на лицето пријавено за исчезнато претходниот ден.
По вештачењето утврдено е дека мажот починал од задушување, а на лицето и стапалата пронајдени се траги од каснување.
Во друг инцидент на 2 јануари, 22-годишен маж, исто така бил нападнат од пирани во близина на реката Парагвај, јужно од Асунсион. Младото лице, кое го фатиле дивите риби, исчезнало.
Неговото семејство по инцидентот контактирало со полицијата, а телото на момчето, кое било пронајдено по кратко време, имало длабоки траги од каснување од рибите.
Маж на возраст од 49 години се удавил во напад од пирана додека одел на пливање во реката Парагвај во градот Пуерто Росарио. Според извештајот од обдукцијата, кај лицето исто така биле пронајдени траги од каснување.
Од друга страна, две момчиња ги загубија животите во напади на пирана во реката Тебикуар во градот Вила Флорида.
Меѓу другото, регистрирани се бројни случаи на каснување на капачи од пирани во областа Итапуа и во други крајбрежни области.
Пираните генерално се сештојадни риби кои обично не ги напаѓаат луѓето.