Sena Güler
27 Ноември 2018•Ажурирај: 27 Ноември 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, во периодот од 30 ноември до 3 декември, ќе посети три јужноамерикански држави, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според официјалното соопштение објавено денес, Ердоган ќе присуствува на Самитот на земјите од Г-20 во Аргентина, а потоа на 2 и 3 декември ќе ги посети Парагвај и Венецуела.
На Самитот ќе се дискутира за теми поврзани со трговијата, климатските промени, миграцијата, тероризмот и за други прашања кои се од глобално значење.
Во рамките на Самитот, се очекува Ердоган да одржи билатерални разговори со другите лидери и претставници на меѓународните организации.
Ова ќе биде прва посета на Парагвај и Венецуела на претседателско ниво.