Ahmet Gürhan Kartal
08 Февруари 2020•Ажурирај: 09 Февруари 2020
ДАБЛИН (АА) - Со анкети кои предвидуваат промени во Владата, над 3,3 милиони ирски гласачи ќе имаат можност да гласаат на денешните избори за избор на 160 члена на националното Собрание, јавува Агенција Анадолија (АА).
Најновите анкети покажуваат дека ирската националистичка партија Син Феин води со 25 отсто, но дури и во најдобро сценарио партијата може да освои максимум 42 места, истиот број на места на кои цели.
Порасото на гласовите за Шин Феин доаѓа со растечките прашања во врска со домувањето и здравствените услуги во земјата, за кои партијата вети големи инвестиции во двата сектора.
Мајкл Мартин, лидерот на партијата „Фиана Фаил“, во говорот минатата сабота истакна дека неговата партија е единствената којашто може да понуди алтернативна влада.
Партијата Фајн Геал на премиерот Лео Варадкар се предвидува да падне на третото место со освоени 17 отсто од гласовите.
Ирска се соочува со криза во секторот за домување, бидејќи бројот на бездомници достигна 10.000. Здравствената заштита исто така се соочува со сериозни предизвици, бидејќи итните случаи чекаат и до 17 часа да бидат прегледани во болниците.
Гласачките места се затвораат во 10 часот (2200GMT), а излезните анкети ќе бидат достапни кратко по затворањето на избирачките места.