Zehra Ulucak
24 Јули 2018•Ажурирај: 25 Јули 2018
АНКАРА (АА) - Германскиот фудбалер со турско потекло Месут Озил, кој ги брани боите на екипата на англискиот премиерлигаш Арсенал, на објавата на социјалната мрежа Твитер каде што соопштува дека ја напушта Германската репрезентација, доби поддршка од светски познатиот бразилски писател Пауло Коељо, јавува Anadolu Agency (AA).
Повикувајќи се на текстот што го објави Озил, Коељо напиша: „Текст кој вреди да се прочита: ‘Кога загубивме, станав имигрант’. Озил, што сакаат нека кажат за тебе, и за минатото и сега, секогаш ти ќе бидеш победникот“.
Германските фудбалери со турско потекло Месут Озил и Илкај Ѓундоган, заедно со турскиот репрезентативец Џенк Тосун, кои играат во Премиер лигата, во мај се сретнаа и направија заедничка фотографија со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, кој во тој период беше во посета на В. Британија. Фудбалерите на турскиот претседател му подарија дресови од клубовите во кои играат. По оваа фотографија, во Германија започна кампања на расистички напади и критики кон Месут Озил и Илкај Ѓундоган.