свет

Пет цивили загинаа, 15 се ранети во израелско бомбардирање на училиште во Газа

- Најмалку пет Палестинци се убиени во израелското бомбардирање на училиште во кое цивилите се засолниле во источниот дел на градот Газа,

Mohamed Majed, Ekrem Biçeroğlu  | 04.07.2024 - Обновена : 05.07.2024
Пет цивили загинаа, 15 се ранети во израелско бомбардирање на училиште во Газа

ГАЗА (АА) - Најмалку пет Палестинци се убиени во израелското бомбардирање на училиште во кое цивилите се засолниле во источниот дел на градот Газа, јавува Анадолу.

Цивилната одбрана соопшти дека екипите извлекле пет тела под урнатините на училиштето. Соопштено е дека во нападот се ранети 15 лица.

Телата на убиените Палестинци и ранетите се пренесени во болницата Ал-Ахли.

Најмалку 38.011 Палестинци се убиени, а 87.445 луѓе се ранети во континуираните напади на Израел врз Појасот Газа од 7 октомври минатата година, соопшти денес Министерството за здравство во блокираната енклава.

Појасот Газа е во голема мера уништен од израелските напади, а околу 2,3 милиони жители се борат за опстанок под блокада и екстремна хуманитарна криза.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, чија последна пресуда му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине својата воена операција во јужниот град Рафа, каде што повеќе од еден милион Палестинци побараа засолниште од војната пред да започне израелската копнена офанзива врз градот на 6 мај.

И покрај тоа, израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмален интензитет, а испораката на хуманитарната помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın