Tufan Aktaş
07 Август 2019•Ажурирај: 08 Август 2019
АДИС АБЕБА
Во Кенија петмесечно бебе беше причина за расправа меѓу пратениците, откако една пратеничка на седницата на Националното собрание го донесе и своето бебе, а потоа беше принудена да ја напушти седницата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според информацијата во „Дејли нејшн“ („Daily Nation“), пратеничката Зулеика Хасан, која на парламентарната седница присуствувала со своето 5-месечно бебе, од Кристофер Омулеле, кој ја водел седницата, била повикана да ја напушти седницата со образложение дека го нарушува редот.
Реагирајќи на одлуката на Омулеле, пратениците се обидоа да ја убедат пратеничката да остане на седницата, но обезбедувањето со сила ги отстрани Хасан и бебето од седницата.
Голем број пратеници како поддршка на пратеничката Хасан и бебето ја напуштија седницата, а на инсертите од настанот можеа да се видат острите расправии меѓу пратениците.
Хасан по настаните истакна: „Наидов на една неочекувана ситуација. Тогаш решив да не ја напуштам работата и да дојдам заедно со моето бебе. Мојата ќерка не е атомска бомба и не може да експлодира.“
Пратеничката од Ијара, Софија Абди Нор, исто така, коментираше дека ваквиот настан во Собранието е несреќен случај и дека се прашува каква е судбината на мајките кои работат.