Muhammet Nusret Altun
07 Август 2019•Ажурирај: 09 Август 2019
МЕКСИКО
Во Мексико Сити, главниот град на Мексико, од вооружени лица е ограбена Федералната ковачница за пари, пренесува Anadolu Agency (AA).
Градскиот секретар за јавна безбедност, Јесу Орта Мартинез, изјави дека тројца вооружени лица, неутрализирајќи ги лицата од обезбедувањето, го ограбиле сефот кој претходно бил отворен.
Наведувајќи дека разбојниците избегале со стотици златници, скапоцени часовници и други предмети, Мартинез рече дека се обидуваат да ги идентификуваат разбојниците од снимките на безбедносните камери.
Властите не ја истакнаа вредноста на украдените пари и предмети, но, од локални извори се дознава дека вредноста на украдените предмети изнесува околу 2,5 милиони долари.
Полицијата соопшти дека истрагата за грабежот е во тек.
Украдените златни монети, секоја во вредност од 50 пезоси (2,5 долари), се произведени во 1921 година во рамките на 100-годишнината од прославата на независноста на Мексико.