Sidrah Gufran Roghay
09 Март 2026•Ажурирај: 10 Март 2026
ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку пет лица загинаа, а четворица се водат како исчезнати откако се урна голем насип од смет на најголемата депонија во Индонезија, соопштија денес официјални претставници, јавува Анадолу.
Свлечиштето се случи на местото за интегрирана обработка на отпад Бантаргебанг, близу главниот град Џакарта.
„Уште едно тело е пронајдено денес попладне, со што вкупниот број жртви се искачи на пет“, изјави службеник за спасување за државната агенција Антара њуз.
Властите сè уште бараат уште четири лица за кои се верува дека се заробени под урнатините. Досега четири лица се извлечени живи.
Депонијата, која се наоѓа во Бекаси, веднаш до Џакарта, го прима комуналниот отпад од главниот град во последните 30 години. Местото зафаќа површина приближно колку 200 фудбалски игралишта.