Mehmet Tosun
19 Декември 2019•Ажурирај: 20 Декември 2019
АНКАРА (АА) - Пет цивили од кои 3 деца загинаа во бомбашкиот напад организиран од страна на терористичката организација ПКК/ЈПГ во Рас ал Ајн, Сирија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од Министерството за национална одбрана на Турција, се истакнува дека терористичката организација ПКК/ЈПГ продолжува со предавничките напади врз невините цивили во областа од операцијата „Извор на мирот“.
Исто така соопштено е дека терористите на ПКК/ЈПГ, убијци на деца, организирале напад со автомобил-бомба во областа Тел Халаф, југозападно од Рас ал Ајн и дека при нападот убиени се невини цивили, меѓу кои и 3 деца.