Servet Günerigök
20 Декември 2019•Ажурирај: 21 Декември 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Претставничкиот дом на Конгресот на Соединетите Американски Држави (САД) го изгласа новиот трговски договор во Северна Америка, јавува Агенција Анадолија (АА).
Договорот меѓу САД, Мексико и Канада (USMCA), помина во Домот со огромна двопартиска поддршка со 385 гласа „за“ и само 41 глас „против“.
Против договорот гласаа 38 демократи, двајца републиканци и независниот претставник во Претставничкиот дом, Џастин Амаш.
Договорот беше предложен пред повеќе од една година како замена за Северно-американскиот трговски договор попознат како НАФТА (NAFTA), кој ги елиминира трговските бариери помеѓу трите земји.
Претседателот Доналд Трамп истакна дека претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, се обидела да ја земе заслугата за договорот, тврдејќи дека тој е одличен.
„Одличниот трговски договор меѓу САД, Мексико и Канада веќе 8 месеци е на бирото на Нанси Пелоси, таа дури и не знае што пишува во договорот, и денес, откако помина во Домот со голема поддршка, Пелоси се обиде да ја земе заслугата за тоа. Работната сила ќе гласа за Трамп. Трговскиот договор е одличен за САД!“, напиша тој на Твитер.
Трговскиот договор сега оди во Сенатот и треба да биде одобрен во 2020 година.
Договороот беше финализиран на 10 декември откако претставниците на трите држави го потпишаа во Мекиско.