Vanesa Balicevac
28 Мај 2018•Ажурирај: 29 Мај 2018
САРАЕВО (АА) - Предлозите на ЕУ се насочени кон забрана на голем број пластични предмети, вклучувајќи сламки, стапчиња за уши, прибор за јадење и прибор за мешање пијалак, јавува Anadolu Agency (AA).
Институциите на ЕУ сакаат речиси сите пластични шишиња да се соберат за рециклажа до 2025 година. Планот ќе мора да биде одобрен од 28 земји членки и од Европскиот парламент пред да може да се усвои, наведува Би-би-си (BBC).
ЕУ проценува дека забраната ќе помогне во сузбивањето на 3,4 милиони тони емисии на јаглероден диоксид и спречување на штетата нанесена на животната средина, која до 2030 година би можела да ја чини ЕУ додатни 22 милијарди евра. Исто така, се очекува дека потрошувачите ќе заштедат 6,5 милијарди евра по донесената забрана.
„Пластичниот отпад е несомнено голем проблем, а Европејците мора да дејствуваат заедно за да го решат овој проблем. Ќе забраниме некои од овие предмети и ќе ги замениме со почисти алтернативи, така што луѓето и понатаму ќе можат да ги користат своите омилени производи“, изјави првиот потпретседател на ЕУ, Франс Тимерманс.
Планот на ЕУ не го одредува рокот за целосна забрана на пластичните предмети за еднократна употреба. Секоја земја ќе мора да се вклучи во образовната кампања во која од произведувачите на храна се бара јасно да ги обележат производите и да ги информираат потрошувачите како се отстранува пластичниот отпад.
Производителите ќе добијат поттик да не произведуваат пластични производи за еднократна употреба, туку да ги произведуваат од одржливи материјали.