Vakkas Doğantekin
09 Април 2019•Ажурирај: 10 Април 2019
АНКАРА (АА) - Властите на Обединетите Арапски Емирати ја забранија употребата на интернет-апликацијата Скајп, јавува Anadolu Agency (AA).
„Утврдивме дека интернет-провајдерите во Обединетите Арапски Емирати го блокираа пристапот до нашата страница. Тоа значи дека Скајп во таа земја не може да се користи“, се наведува во соопштението на компанијата „Скајп“ (Skype), која е во сопственост на „Мајкрософт“ (Microsoft).
Од управата на компанијата исто така соопштија дека тие работат на отстранување на блокадата, а државјаните на Емиратите во дијаспората на социјалните мрежи бурно негодуваа поради блокадата на интернет-апликациите кои ги користеле за слободна комуникација.
„Тоа е фрустрирачки. Како сега да организираме интервјуа и состаноци? Ова е во целост спротивно на краткорочните и среднорочните визии кои ги промовираа Обединетите Арапски Емирати“, порача колумнистот Султан Ал Касеми од Советот за блискоисточни студии.
Властите на Обединетите Арапски Емирати веќе неколку години не го дозволуваат користењето и апликацијата за комуникација Фејстајм (FaceTime) во сопственост на „Апл“ (Apple).