Betül Yürük
09 Април 2019•Ажурирај: 09 Април 2019
ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ (АА) – Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш, осудувајќи ги остро конфликтите во Триполи, Либија, и воздушниот напад врз аеродромот „Митига“, повика на итен прекин на воените операции и започнување на дијалог, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението од Кабинетот на генералниот секретар на ОН, Гутереш истакна дека за кризата во Либија воено решение не може да се најде.
Антонио Гутереш, осудувајќи ги остро конфликтите во Триполи, Либија, и воздушниот напад врз аеродромот „Митига“, повика на итен прекин на воените операции и започнување на дијалог меѓу страните.
Гутереш, исто така, ги потсети сите страни на одговорноста да спроведат безбедност за цивилите во согласност со меѓународното право и Законот за човекови права.
Портпаролот на генералниот секретар на ОН, Стефан Дујарич, исто така, истакна дека тешкото оружје кое се користи во конфликтот влијае врз областите, напоменувајќи дека голем број цивили не можеле да ја напуштат областа. Тој, за евакуација на цивилите и повредените повика на итен хуманитарен прекин на огнот.
Откако на 4 април водачот на источните воени сили на Либија, генералот Халифа Хафтар, започна со нападите за преземање на Триполи, започнаа насилни судири во Триполи и околината со единиците на либиската Влада за национално единство, Фајиз ал Сараџ.
Воените авиони на силите на Хафтар вчера извршија воздушен напад врз „Митига“, првиот цивилен аеродром во Триполи.
Специјалниот претставник на ОН за Либија, Гасан Салама, нападот на аеродромот го оцени како „воено злосторство“ и „злосторство против човештвото“.