Sarp Özer
27 Август 2016•Ажурирај: 27 Август 2016
ЏАРАБУЛУС (AA) - Откако Ослободителната војска на Сирија ја презеде контролата во сирискиот пограничен Џарабулус, животот во ова место се враќа во нормала, јавува, javlja Anadolu Agency (AA).
Акцијата Штитот на Еуфрат е започната пред неколку дена на подрачјето на Џарабулус во Сирија, а здружено ја изведуваат специјалните сили на турската војска со воздушна поддршка на коалициските сили.
Како резултат на Слободната војска на Сирија, со нивна помош, во потполност ја презеде контролата над Џарабулус, на границата на Турција и Сирија.
Откако се поставени безбедносни пунктови животот во овој град постепено се враќа во нормала. Почнаа со работа и некои објекти, а граѓаните повторно излегоа на улиците. Посебно се радуваат децата кои повторно се играат на улиците, што не беше возможно во претходните месеци, а можеби и години.
Еден од граѓаните кој не сакаше да го открие идентитетот изрази радост што поторно ги отвори ролетните на својот деловен објект.
Порача дека поминаа низ тежок период. И некои бербери во градот повторно ги отворија своите берберници.
Турските вооружени сили акциите ги започнаа пред неколку дена, а цел е да ја исчистат границата од терористичките елементи и да ја зголемат сигурноста во пограничниот појас.
Планот на акцијата е истовремено да се поддржи одбраната на територијалната целовитост и суверенитетот на соседна Сирија во која се повеќе од територијата ја контролираат токму терористите на ДАЕШ.
Активната борба на Турските вооружени сили против ДАЕШ е важен придонес во борбата против истиот, глобален непријател, ја води и меѓународната коалиција.
На северот на Сирија во тек се акциите против терористичката организација ДАЕШ.