Bedrudin Brlyavac
25 Јули 2016•Ажурирај: 26 Јули 2016
САРАЕВО (АА) - Во анкетата која редовно ја врши списанието „Монокл" најпријатен град за живеењее оваа година е прогласен за Токио, после кој следуваат Берлин, Виена, Копенхаген и Минхен, јавува Anadolu Agency (AA).
На листата на десетте најдобри градови за живеење во светот се најдоа уште Мелбурн, Фукуока, Сиднеј, Кјото и Стокхолм. На листата од 25 најдобри градови за живеење, се најдоа и Ванкувер, Хелсинки, Цирих, Мадрид, Хамбург, Лисабон, Дизелдорф, Хонг Конг, Барселона, Сингапур, Амстердам, Окленд, Хонолулу, Портланд и Монтреал.
На светската листа на најдобрите градови за живеење оваа година не се најде ниту еден град од Балканот. Од десетте најдобри градови за живеење во листата на списанието „Монокл" пет од нив се наоѓаат во Европа, а другите пет во Азија и Пацификот.
„Луѓето треба да знаат дека нашиот избор е само врз основа на стандардот на живеење во градовите и чувството на нивните жители", порачаа од оваа списание со седиште во Лондон.
Листата за најпријатни градови за живеење е направена врз основа на параметри, како што се меѓу другото, безбедноста, здравствената заштита образованието, криминалот, забавните содржини, како и квалитетот на јавниот превоз.