Vesna Besiç
27 Август 2016•Ажурирај: 28 Август 2016
МОСКВА (АА) - Најмалку 17 лица загинаа во пожар кој изби во магазин на штампарија во североисточниот дел на руската престолнина Москва, потврдија од Министерството за кризни состојби на оваа земја, пренесува Anadolu Agency (AA).
Едно лице им подлегна на повредите во болница, а претходно пожарникарите го пробија ѕидот во просториите и пронајдоа 16 тела.
Според првите информации спасени се 12 лица.