Ekipa
14 Септември 2020•Ажурирај: 15 Септември 2020
ТУНИС (АА) - Тунис по 2014 година за прв пат назначи амбасадор во Либија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според писменото соопштение на Министерството за надворешни работи на Тунис, Ел Есад Уџејли е назначен за амбасадор на Тунис во Триполи.
Во соопштението не се дадени детали околу тоа кога Уџејли ќе почне со извршување на оваа функција.
Од друга страна, поранешниот туниски дипломат и експерт за Либија, Бешир ел Џувејни, во изјава за АА истакна дека Министерството за надворешни работи на Тунис од јануари 2019 година го назначило Уџејли да работи и да врши истражување во насока на односите меѓу двете земји.
Тунис во октомври 2014 година ја затвори својата амбасада во Триполи откако се влоши безбедносната состојба во Либија.