Повеќе од 200 загинати во последните 48 часа и сѐ уште се под урнатините, изјави директорот на болницата Камал Адван
– Кога Палестинците се обидуваат да ги спасат оние кои се под урнатините, тие повторно се мета на израелските авиони, изјави Хусам Абу Сафије, директорот на болницата ‘Камал Адван’.
ГАЗА (АА) - Телата на повеќе од 200 Палестинци се пронајдени под урнатите разорени во израелските напади на северот на Појасот Газа во последните 48 часа, известува Анадолу.
Директорот на болницата „Камал Адван“ Хусам Абу Сафије изјави дека хуманитарната ситуација на северот на Појасот Газа се движи кон апсолутна катастрофа.
Истакнувајќи дека израелската армија извршила напади врз неколку куќи во појасот Газа, Абу Сафије изјави дека преживеале само три лица и кои се донесени во болница.
Тој рече дека во една од куќите живееле околу сто луѓе, а преживеало само едно лице, кое во моментот на нападот работело во пералната на болницата „Камал Адван“.
„Повеќе од 200 убиени во израелските напади во последните 48 часа сѐ уште се под урнатините“, рече Абу Сафије.
Тој истакна дека може да ги слушнат гласовите на Палестинците затрупани под урнатините.
„Кога Палестинците се обидуваат да ги спасат оние кои се под урнатините, тие повторно се мета на израелски авиони. Ова го прави пристапот до тие области речиси невозможен“, рече Абу Сафије.
Тој изјави дека болницата „Камал Адван“ се соочува со големи тешкотии, бидејќи во неа не е дозволен влез на медицинска опрема, лекови и потребни материјали, како и влез на возила за итни случаи.
Тој ја сподели информацијата дека во болницата има 63 повредени од кои повеќето се во критична состојба, а 9-мина се на одделението за интензивна нега, од кои две се новороденчиња.
Израелската армија од почетокот на октомври изведува интензивни напади на северот на Појасот Газа.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.