Ali Semerci
02 Јуни 2018•Ажурирај: 03 Јуни 2018
АЛ-ЏАВ (AA) - Голем број бегалски кампови беа уништени во поплавите што го погодија Ал Џав во северниот дел на Јемен, јавува Anadolu Agency (AA).
Локалните извори известуваат дека невремето предизвика поплави кои ги зафатија бегалските кампови на истокот од градот Ал Хазма, каде што се наоѓа Ал-Џав.
Опасноста им се заканува и на другите кампови лоцирани во близина на наведените области. Немаше човечки жртви или повреди.
Од Канцеларијата за социјални работи на Џав испратија повик за помош на мигрантите лоцирани во камповите погодени од поплавите.
Гувернерот на Ал Махрах, Раџих Бакирајт, на 30 мај изјави дека четири лица загинале во невремето, што го погоди источниот дел од земјата, а двајца се водат за исчезнати.