Ömer Tuğrul Çam
24 Февруари 2022•Ажурирај: 25 Февруари 2022
БРИСЕЛ (АА) ‒ Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, го повика рускиот претседател Владимир Путин „итно да ја прекине оваа војна“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во пораката објавена на социјалните мрежи, Мишел рече дека имал телефонски разговор со претседателот на Украина, Владимир Зеленски, и упатил порака за солидарност со Украина.
Повторувајќи дека силно ја осудува широката воена интервенција на Русија во Украина, Мишел рече дека денеска ќе се одржи Самитот на лидерите на Европската Унија, а исто така ќе се состанат и лидерите на Г7.
Наведувајќи дека на овие состаноци ќе се разговара за нови чекори против незаконските дејствија на Русија, Мишел рече: „Го повикувам рускиот претседател Владимир Путин веднаш да ја прекине оваа војна.“
Путин утринава соопшти дека Русија започнува специјална воена операција во Донбас во источна Украина.