Kerem Kocalar
10 Октомври 2019•Ажурирај: 11 Октомври 2019
ШАНЛИУРФА (АА) - Антиавионскиот оган испукан од терористичката организација ЈПГ/ПКК во окупираните области во Сирија повреди две деца кои играле во своите домови во областа Џејланпинар, пренесува Anadolu Agency (AA).
Антиавионскиот оган на ЈПГ/ПКК, кој е испукан од окупираниот регион Расулајн, погоди три куќи во областа Џејланпинар.
При нападот повредени се двајца браќа на возраст од 13 и 15 години, кои биле во својот дом.
Повредените деца со екипите на Брза помош се пренесени во државната болница во Џејланпинар.
Безбедносните сили во регионот спроведоа истрага за случајот.
Во меѓувреме, Турските вооружени сили со артилериски оган гаѓаа кон местото од каде што беше извршен нападот.