Hakan Çopur
26 Август 2019•Ажурирај: 27 Август 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Американската администрација го поддржа Израел, кој нападна позиции на Ерусалимските бригади поддржани од Иран во Сирија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на американскиот Стејт департмент се истакнува дека државниот секретар Мајк Помпео, и израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, оствариле телефонски разговор.
Се истакнува дека Помпео ја поддржал израелската администрација, која нареди напад врз позиции во Сирија.
„Државниот секретар Помпео го брани правото на Израел да се брани од заканите од Иранската револуционерна гарда, како и да преземе активности за да спречи евентуални напади врз израелските цели во регионот.“
Помпео и Нетанјаху, како што се вели во соопштението, разговарале како Иран некои региони во Сирија ги користи за свои интереси.
Според соопштението, Нетанјаху на Помпео му рекол: „Кај и да се наоѓаат, Израел ќе ги нападне сите цели на Иранската револуционерна гарда“.
Израелската армија во саботата соопшти дека одредени позиции на Ерусалимските бригади поддржани од Иран, биле погодени преку воздушните напади околу градот Акрабах, во близина на сириската престолнина Дамаск.
Израелската страна тврдеше дека од Сирија било планирано да се нападне Израел со голем број вооружени беспилотни летала.