Ekip
26 Септември 2019•Ажурирај: 26 Септември 2019
ПАРИЗ (АА) - Избувна пожар во една фабрика за хемикалии во Франција, а властите ги затворија училиштата во 11 околни подрачја, барајќи од граѓаните да останат во затворени простории, пренесува Anadolu Agency (AA).
Властите на регионот Сен Маритим од граѓаните побараа да избегнуваат патувања во оваа зона, откако изутрина заѕвонил алармот за пожар во фабриката „Лубризол“ во Руан.
Министерството за внатрешни работи на оваа земја на Твитер напиша дека училиштата и градинките во оваа зона се затворени, а се затвораат и старските домови.
На снимките пренесени од страна на ТВ-каналот „Бе-еф-ем“ (BFM) се забележува црн чад и пламен над фабриката.
Се врши истрага за откривање на причината за пожарот.