Ekipa
29 Октомври 2017•Ажурирај: 30 Октомври 2017
ТЕХЕРАН (АА) - Голем пожар избувна денеска на нафтената платформа во западен Иран, при што загинаа четворица работници, јавува Anadolu Agency (AA).
Според државните медиуми, пожарот избувнал во близина на градот Омидеи, околу 900 километри југозападно од Техеран.
Сè уште не е познато дали има повредени, а на местото на настанот има спасувачки тимови.
Во друга рафинерија за нафта во Иран, во петокот избувна пожар, при што загинаа седум работници.