Recep Şakar
26 Август 2018•Ажурирај: 27 Август 2018
МЕЛБУРН (АА) - Австралискиот премиер Скот Морисон во Канбера го соопшти новиот состав на Кабинетот, јавува Anadolu Agency (AA).
Џош Фрајденберг е именуван на функцијата министер за трезор, а лидерот на Националната партија, Мајкл Меккормак, е назначен на местото министер за инфраструктура, транспорт и регионален развој.
Министерот за внатрешни работи, Питер Датон, повторно е назначен на оваа функција, додека за министер за миграции и заштита на границите е именуван Дејвид Колман.
Марис Пејн, која од 2015 година ја извршуваше функцијата министер за одбрана, е назначена за министерка за надворешни работи на местото на Џули Бишоп, која поднесе оставка.
На местото пак, на Пејн, на функцијата министер за одбрана е именуван поранешниот министер за одбранбена индустрија, Кристофер Пајн. На таа позиција сега е назначен поранешниот министер за трговија, Стив Чоубо.
Неуспесите во водењето на коалицијата помеѓу Либералната партија и Националната партија, прифаќањето мигранти, енергетската политика и низа други прашања доведоа до оставка на Малколм Трнбул на функцијата премиер на Австралија.
Во трката за 30. премиер на Австралија учествуваа поранешниот министер за внатрешни работи, Питер Датон, и министерот за трезор, Скот Морисон.