Sayed Khodaberdi Sadat
26 Август 2018•Ажурирај: 27 Август 2018
КАБУЛ (АА) - Водачот на терористичката организација ДЕАШ за Авганистан, Ебу Сад Ерхаби, е убиен во авганистанската источна покраина Нангархар, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Гувернерството на Нангархар, Атаулах Хогјани, во изјава за АА истакна дека во рамки на воздушната операција извршена врз оваа терористичка организација во подрачјето нa Нангархар, убиен е Ерхаби, водач на ДЕАШ за Авганистан.
Хогјани информираше дека во операцијата се неутрализирани и 10 припадници на ДЕАШ. Тој додаде дека Ерхаби е со потекло од Пакистан.
Потсетуваме, поранешниот водач на терористичката организација ДЕАШ за Авганистан, Абдул Хасиб, минатата година беше убиен во рамки на операција во Нангархар.