Fuat Kabakçı
05 Мај 2017•Ажурирај: 06 Мај 2017
ПЕКИНГ (АА) - Од Интернационалниот аеродром „Пудонг“ во Шангај полета C919, првиот џамбо патнички авион од кинеско производство, пренесува Anadolu Agency (AA).
Како што објави „China Daily“ (Кина дејли), првиот џамбо патнички авион од кинеско производство, произведен од кинеската државна компанија ЦОМАЦ, ги помина сите неопходни тестови и го оствари првиот лет.
По тој повод, на шангајскиот аеродром е одржана и церемонија којашто националните медиуми ја пренесуваа во живо. C919 има два мотора, капацитетот е 158 седишта и може да прелета 4.750 километри.
Кинеската компанија со овој проект започна во 2006 година, а освен големиот број домашни компании, во него беа вклучени и некои странски фирми.
ЦОМАЦ до денес има примено нарачки за 570 авиони C919, а кинеската компанија планира да оствари продажба од 2.000 летала.