Murat Özgür Güvendik
20 Јуни 2022•Ажурирај: 22 Јуни 2022
ЈОХАНЕСБУРГ (АА) - Во јужноафриканската провинција Квазулу-Натал, полицаец го застрелал својот 10-годишен син, мислејќи дека е крадец, додека влегувал во својот дом, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на ИОЛ, во инцидентот што се случил во местото Манор Гарденс во градот Дурбан вчераутро, неименуваниот полицаец се разбудил од звуците што се слушале од неговата куќа и истрчал долу каде што видел сомнително лице на прозорецот од неговата куќа.
Полицаецот, кој со пиштолот отворил оган кон осомниченото лице на прозорецот, подоцна дознал дека лицето во кое пукал е неговиот 10-годишен син.
Детето било повредено во градниот кош и ногата и починало во болницата каде што било пренесено.
Бригадниот генерал Џај Најкер, портпарол на државната полиција на Квазулу-Натал, во изјавата во однос на настанот рече: „Полицијата во Мејвил беше повикана во куќа во Манор Гарденс, каде што беше застрелано 10-годишно момче. Момчето беше хоспитализирано и беше прогласено за мртво по пристигнувањето.“