свет

Франција му забрани на синот на Осама бин Ладен да се врати во земјата

Министерот Ретало најави „административна забрана за влез на територијата“ и рече дека неговата одлука „оневозможува“ Бин Ладен да се врати во Франција „од која било причина“

Nur Asena Ertürk  | 08.10.2024 - Обновена : 10.10.2024
Франција му забрани на синот на Осама бин Ладен да се врати во земјата

АНКАРА (АА) - Франција денес му забрани на синот на водачот на Ал Каеда, Осама бин Ладен, да се врати во земјата, јавува Анадолу.

Омар бин Ладен, кој неколку години живее во северозападниот департман Орне како сопруг на британска државјанка, даде изјави на социјалните мрежи во 2023 година дека „го величаат тероризмот“, истакна министерот за внатрешни работи, Бруно Ретало, на Х.

Бин Ладен потоа беше протеран, а одлуката беше одобрена од француската правда за „национална безбедност“, објасни Ретало.

Министерот најави „административна забрана за влез на територијата“ и рече дека неговата одлука „оневозможува“ Бин Ладен да се врати во Франција „од која било причина“.

Омар бин Ладен (43) се преселил во Орне во 2016 година како сликар, пишува францускиот дневен весник „Уест Франс“. Тој доброволно ја напушти Франција во 2023 година, откако доби известување за протерување и замина во Катар, објави „Уест Франс“, цитирајќи го департманот Орне.

Водачот на Ал Каеда, Осама бин Ладен, беше убиен во ноќна рација во Пакистан во 2011 година од страна на американските сили, а беше обвинет дека помогнал во планирањето на терористичките напади на 11 септември 2001 година, во кои загинаа речиси 3.000 Американци.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.