Alma Dekovic
16 Јуни 2024•Ажурирај: 17 Јуни 2024
ХАМБУРГ (АА) - Голема полициска операција е спроведена во центарот на Хамбург откако маж со секира им се заканувал на полицајците, пренесува Анадолу.
Полицијата соопшти дека застрелала и тешко ранила маж, кому му е укажана лекарска помош, објави Би-би-си (BBC).
Медиумите известуваат дека инцидентот се случил околу 12:30 часот по локално време во близина на зоната наменета за навивачите на холандската фудбалска репрезентација.
Холандија денес во рамките на групата Д игра против Полска на Европското фудбалско првенство ЕВРО 2024 што се одржува во Германија.