Melike Pala
29 Октомври 2025•Ажурирај: 29 Октомври 2025
БРИСЕЛ (AA) – Бугарската полиција денес започна истрага по добиените извештаи за закани со бомба кон амбасадите на Соединетите Американски Држави (САД) и Франција во главниот град Софија, соопштија локалните власти, пренесува Анадолу.
Новинската агенција БТА пренесе дека од Регионалната дирекција на Министерството за внатрешни работи во Софија соопштиле дека предупредувањето било добиено во текот на денот.
Надлежните органи соопштија дека засега не е познато дали заканите се вистински или лажни.