Ekip
02 Март 2018•Ажурирај: 03 Март 2018
ВАРШАВА (АА) - Полски официјален претставник изјави дека Германија би можела да ѝ должи на Полска 690 милијарди евра за штетата, која ја нанела за време на Втората светска војна, пренесува Anadolu Agency (AA).
Аркадиуж Муларжик е шеф на полскиот тим за проценка на потенцијалната репарација.
Нацистичка Германија, за време на Втората светска војна, додека траела шестгодишната окупација на Полска, убила околу шест милиони нејзини граѓани.
„Зборуваме за многу голем, но и оправдан износ на надомест на штета за воени злосторства, уништување на градови и изгубен демографски потенцијал на нашата земја“, изјави Муларжик.
Минатата година, владејачката полска националистичка партија „Право и правда“, соопшти дека Полска заслужува надомест за своите губитоци и формира тим под водство на Муларжи да изврши проценка.
Германија во повеќе наврати истакна дека нема правна основа Полска да бара репарација.