Murat Tan
16 Март 2017•Ажурирај: 17 Март 2017
ГАЗА (АА) – Поминаа 14 години од смртта на американската активистка за мир, Рејчел Кори, која беше згмечена и убиена од израелски булдожер обидувајќи се да го спречи рушењето на куќата на едно палестинско семејство, јавува Anadolu Agency (AA).
Младата Кори, која својот живот го посвети на бранење на правата на Палестинците, во знак на солидарност во 2003 година замина во Газа, со цел да му ја покаже на целиот свет вербата во мирот. Таа со своите активности и видеа кои ги сними, го извади на виделина прекршувањето на правата на Палестинците од страна на Израел.
Американската активистка на 16. март 2003 година облече портокалова јакна и со мегафон во раката се упати кон израелските булдожери. Нејзина цел беше да го спречи рушењето на куќата на едно палестинско семејство во градот Рефах и одземањето на нивната земја. Кори сметаше дека ќе може да ги сопре израелските булдожери, затоа што е странец, и застана пред нив. Меѓутоа, како што Израел не покажа милост кон Плаестинците, така не покажа милост и кон неа.
Палестинците со голема збунетост и тага ја прифатија смртта на Кори, прогласувајќи ја за херој, и организираа голем церемонијален погреб. Името Кори низ целиот свет се спомнува како синоним за предводник на хуманоста, а бродот што од Ирска носеше хуманитарна помош во Газа беше именуван по неа. Исто така, во нејзина чест беа направени повеќе филмови, кои се зрак светлина за тешкотиите со кои се соочуваат Палестинците во Газа.
Претседателот на Европско-медитеранската организација за човекови права „Еуро-Мид“, Рами Абду, по повод четиринаесетгодишнината од смртта на Корни, за АА изјави: „Пораката што Кори ја испрати до светот, опстојува со години. На овој начин, таа пред светот ги прикажа израелското убивање на палестинскиот народ и на секој оној што се солидаризира со него“.
Критикувајќи го молчењето на меѓународната заедница, наспроти кршењето на човековите права од страна на Израел, Абду истакна: „Кори стана жив пример на виделина да излезат кршењето на правата на Палестините од страна на Израел“.
- „Ниту еден документарен филм или приказна не успеаја да ми го објаснат овој настан“
Во едно од писмата што Кори ги испрати до своето семејство пред да биде убиена, стојат следниве зборови: „Ниту една академска студија што ја имам прочитано, она што сум го чула на конференции или видела во документарните филмови во врска со овој регион, некоја приказна или пак нешто што имам слушнато, ниту еден настан ми ја нема доловено овдешната состојба. Сѐ додека не ја видиш овдешната состојба со свои очи, не можеш ниту да ја замислиш. Подоцна се запрашуваш, дали долгогодишното искуство ја одразува вистината, или пак не“.
- Која е Рејчел Кори?
Рејчел Кори е родена во Вашингтон, САД, во 1979 година, а волонтираше како активист за човекови права во Меѓународната организација за солидарност.
Таа беше убиена со оклопен булдожер, кој им припаѓа на израелските одбранбени сили на 16. март 2003 година, во градот Рефах, во јужниот дел на појасот Газа, додека се обидуваше да го спречи рушењето на куќата на едно палестинско семејство.
Семејството на Кори поднесе тужба, а Врховниот суд на Израел ја одби.
Во Палестина, многу училишта, болници и новороденчиња се именувани по Рејчел Кори, а во нејзина чест се снимени голем број филмови, играни се театарски претстави и напишани се книги. Од писмата што Кори ги испраќала до своето семејство од Палестина, составена и објавена е книга со наслов „Оставете ме, сама да дадам отпор“.