Betül Yürük
07 Јуни 2020•Ажурирај: 07 Јуни 2020
ЊУЈОРК
Американскиот државен секретар Мајк Помпео ја обвини Комунистичката партија на Кина за искористување на смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој почина како последица на полициско насилство, јавува Агенција Анадолија (АА).
Помпео во пораката на Твитер порача дека нема да успеат обидите на Комунистичката партија на Кина да ја искористи трагичната смрт на Џорџ Флојд за сопствени политички поени.
„Додека Пекинг во најдобрите времиња немилосрдно го наметнува комунизмот, САД среде најтешките предизвици обезбедува слобода", порача Помпео.
Во последните неколку денови пристигнуваат пораки од Кина, Русија и Иран на сметка на полициските интервенции и слободата на медиумите во контекст на протестите во САД.