Sayed Khodaberdi Sadat
02 Март 2019•Ажурирај: 03 Март 2019
КАБУЛ (АА) - Дванаесет лица го загубија својот живот во поплавите предизвикани од поројните дождови во авганистанската јужна покраина Кандахар, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Гувернерството на Кандахар, поројните дождови кои ја зафатија покраината веќе неколку дена, предизвикаа поплави.
Во соопштението се наведува дека во поплавите загинале 12 лица, додека 18 лица се повредени.
Се вели дека од поплавите се оштетени 1.575 куќи, додека стотици лица биле спасени со хеликоптери.
Во ова соопштение се нагласува дека поради поплавите погинале стотици животни.