Sayed Khodaiberdi Sadat
13 Јули 2020•Ажурирај: 14 Јули 2020
КАБУЛ (АА) - Четири војници го загубија животот во судир помеѓу безбедносните сили и талибанските милитанти во авганистанската покраина Перван, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Полициските службеници во Перван соопштија дека милитантите извршиле напад во подрачјето на Шинвари, во Перван.
По нападот настанал и судир во кој загинале четворица војници, додека пет војници се повредени.
Во судирот убиени се и четворица милитанти.