İdris Okuducu
20 Април 2019•Ажурирај: 22 Април 2019
БАГДАД (AA) - Најмалку 200 ирачки семејства се евакуирани од градот Басра, откако нивните домови останале под вода по поплавите кои го зафатија регионот, јавува Anadolu Agency (AA).
Капетанот во ирачката војска, Мухамед Халеф, за АА рече дека единиците на Цивилната одбрана евакуирале најмалку 200 семејства од регионот Салихија, на северот на Басра, чии домови се опколени со вода.
Халеф рече дека семејствата се евакуирани од поплавените подрачја и привремено се сместени во шаторска населба.
Се наведува дека во регионот Сатул Арап, исто така на северот на Басра, по обилните дождови дошло до лизгање и пропаѓање на тлото.
Ирачката Црвена полумесечина во вторникот соопшти дека како последица на поплавите во северните, источните и во јужните делови на земјата, оштетени се домовите на најмалку 4.751 семејства.