Said İbicioğlu
20 Април 2019•Ажурирај: 21 Април 2019
ГАЗА (AA) - Во интервенција на израелските војници во текот на мирните протести „Марш за големото враќање“, кои Палестинците ги организираат долж границата со Газа, ранети се 37 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Министерството за здравство на Палестина во Газа потврдено е дека израелските војници пукале во текот на протестите и раниле најмалку 37 Палестинци, не прецизирајќи го степенот на повредите.
Палестинците од 30 март на границата со Појасот Газа и Израел организираат мирни протести „Марш за големото враќање“.
Демонстрантите бараат враќање на територијата од која се протерани, како и укинување на блокадата на Газа воведена во 2006 година.
Во интервенција на израелските војници на протестите до 30 март убиени се повеќе од 230 Палестинци. Во истиот период во воздушните и тенковските напади на Газа убиени се најмалку 14 Палестинци.
Од 1993 година Израел двојно го зголеми бројот на доселениците на Западниот Брег. Повеќе од половина милион Израелци живеат на окупирана палестинска територија.
Четириесет отсто од Западниот Брег се наоѓа под израелска контрола. Sидот на разделување, долг 78 километри, кој Израел нелегално го изградил, разделува повеќе од 850.000 Палестинци.