Zehra Ulucak
13 Јули 2019•Ажурирај: 13 Јули 2019
КАТМАНДУ (АА) - Поројните врнежи од дожд во Непал предизвикаа поплави и свлечишта во кои досега животот го загубија најмалку 21 лице, јавува Anadolu Agency (AA).
Властите соопштија дека од интензивните врнежи од дожд во централните и источните делови од земјата дошло до поплави кои предизвикале смртни случаи, одрони и уривање на куќи.
Претставниците на власта информираа дека интензивните монсунски дождови предизвикале поплави и свлечишта во кои животот го загубиле најмалку 21 лице, а 10 лица се водат за исчезнати.
Полицијата, соопштувајќи дека продолжува со акциите за пронаоѓање на исчезнатите лица во поплавите и свлечиштата, истакна „Во различни делови од земјата спасени се 50 лица.“
Поради поплавите и свлечиштата затворени се голем број патишта, а стотици лица останаа заглавени на нив.
Во соопштението на тимот за управување со катастрофи се вели дека се подготвени хеликоптери за населението кое е погодено од поплавите и свлечиштата.
Според вестите објавени во локалните медиуми, илјадници луѓе ги напуштиле своите поплавени домови.