Emel Öz Gözellik
21 Август 2019•Ажурирај: 22 Август 2019
ПЕКИНГ (АА) - Најмалку 200 лица го загубија својот живот во поплавите предизвикани од поројните дождови, што во јули и август ја зафатија Кина, пренесува Anadolu Agency (AA).
Тимовите за пребарување и спасување соопштија дека во поплавите предизвикани од поројните дождови во јули и август смртно настрадале најмалку 200 лица, додека 63 лица се водат како исчезнати.
Тимовите нагласија дека во јули, во различни места во Кина загинале 154 лица, додека 31 лице се водат како исчезнати. Се вели дека 1,3 милиони лица се евакуирани во други места.
Од почетокот на август досега најмалку 46 лица го загубиле својот живот, додека 34 лица се водат како исчезнати.
Според соопштението објавено на 12 јули од Управата за менаџирање со итни состојби на Кина, 19 милиони и 910 илјади лица биле погодени од поплавите предизвикани од поројните дождови во летниот период.
Инаку, во поплавите што се случија во 1998 година во Кина, животот го загубија најмалку 3.700 лица.