Ömer Faruk Yıldız
02 Декември 2019•Ажурирај: 03 Декември 2019
КУАЛА ЛУМПУР
Во северниот дел на Малезија, во сојузните држави Теренгану и Келантан, поројните дождови предизвикаа поплави поради кои 11.443 лица се евакуирани од своите домови, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите објавени во малезиските медиуми, поради поројните дождови што од викендов продолжуваат во сојузната држава Теренгану, бројката на евакуирани во побезбедните подрачја достигна 5.807 лица.
Поради поплавите, досега од подрачјето на Келантан во заштитните центри на државата се евакуирани 5.636 лица.
Од друга страна, Одделението за наводнување и одводнување на Келатан даде соопштение дека по дождовите, генерално на целата територија на државата, нивото на водата достигнало опасно ниво.
Нивото на реката Голок, која е најголемата река во државата, го надминало нивото на опасност од 9 метри и достигнало 10,47 метри. Во соопштението се наведува дека во сојузната држава Келантан, покрај реката Голок, 5 реки го надминале нивото на опасност.