Lokman İlhan
04 Октомври 2019•Ажурирај: 06 Октомври 2019
БОГОТА (АА) - Во Еквадор, поради штрајкот во сообраќајот кој прерасна во антивладини протести на ниво на целата земја и поради протестите кои на одредени места преминуваат во насилни настани, во земјата е прогласена вонредна состојба.
Во Еквадор е започнат национален штрајк како рекација на потпишаниот договор меѓу Владата на претседателот на Еквадор, Ленин Морено и Меѓународниот монетарен фонд (IMF), бидејќи во согласност со договорот, во земјата, во областа на сообраќајот е потребно да се укинат дел од бенефициите наменети за горивата. Штрајкот прерасна во антивладини демонстрации, а на некои места прераснаа во акт на насилство.
Новинарите кои демонстрациите ги следат од главниот град Кито се тепани од полицијата, додека во градот Гвајакил се забележани случаи на грабеж.
Претседателот Морено, по средбата на состанокот за безбедност, заедно со министерката за внатрешни работи, Мариа Паула Ромо и министерот за одбрана, Освалдо Жарин, објави дека во целата земја е воведена вонредна состојба поради штрајкот и настаните предизвикани од него.
Морено изјави дека постојат групи кои се во потрага по предизвикување хаос со цел да ја поткопаат Владата и да ја дестабилизираат земјата, истакнувајќи дека тоа нема да го дозволат и додаде дека Владата е отворена за дијалог.
Прогласената вонредна состојба во Еквадор што ја прогласи Морено, ги ограничува демонстрациите и пристапот до Владата, овозможувајќи ѝ на војската да излезе на патиштата и плоштадите и е со времетраење од 60 дена.
Штрајкот, кој се претвори во антивладини протести во голем број градови од земајта, во некои места предизвика и насилни настани. Тројца новинари кои ги следеле настаните во главниот град Кито биле тепани од полицијата.
Министерката за внатрешни работи, Ромо, во изјавата дадена за новинарите се извини за нападот врз новинарите.
Ромо информираше и дека во демонстрациите се приведени 19 лица.
Во меѓувреме, во градот Гвајакил на северот од земјата каде што протестите прераснаа во насилство, беа ограбени некои работни простории и маркети.