Eshat Fırat
08 Јануари 2017•Ажурирај: 09 Јануари 2017
ЕРУСАЛИМ (АА) - Поранешниот премиер на Израел, Ехуд Барак, поради обвинение за мито и корупција го повика актуелниот премиер на таа земја, Бенјамин Нетанјаху да поднесе оставка, јавува Anadolu Agency (AA).
Израелскиот весник „Харец“ јавува дека Барак преку социјалната мрежа Твитер, откако се појавиле аудио снимки за тоа дека Нетанјаху имал врска со корупција, го изразил своето мислење за новата ситуација.
„Ова е шокантна состојба. Не е можно Биби (Нетанјаху) да продолжи да ја извршува функцијата на премиер”, напиша Барак.
Израелските медиуми наведуваат дека снимките кои се појавиле дале нови докази во врска со поврзаноста на израелскиот премиер со корупцијата.
Според вестите на споменатите медиуми Нетанјаху води разговор со деловен човек кој бара одредени привилегии. „Харец“ претходно истакнуваше дека Нетанјаху примил подароци и друг вид на мито во висина од неколку стотици илјади долари и дека до испитувањето дошло поради изјавата на американскиот бизнисмен Роналд Лаудер.
Израелската полицијата во четвртокот го испраша Нетанјаху по вторпат.
Претходно, од полицијата е соопштено дека израелската полиција го испитала премиерот Бенјамин Нетанјаху поради сомнеж дека добивал подароци од бизнисмени. Во соопштението е истакнато дека испитувањето траело три часа и дека не можат да дадат повеќе информации во врска со тоа.
Телевизијата Канал 2 наведе дека причина за испитувањето биле тврдењата оти Нетанјаху примал мито од двајца бизнисмени, од кои едниот е Израелец а другиот странски државјанин.
Израелското обвинителство во ноември донесе одлука за покренување постапка поради наводите за мито и корупација познат како „скандал подморница”, во кој се споменувало и името на израелскиот премиер.