Elvır Hodzıc
11 Јануари 2025•Ажурирај: 11 Јануари 2025
ВАРШАВА (АА) - Демонстрантите вечерва излегоа на улиците на Варшава во знак на протест против одлуката на полската Влада да му дозволи на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да ја посети земјата, известува Анадолу.
Пред седиштето на Владата беа организирани протести, а демонстрантите извикуваа слогани и носеа транспаренти со пораки „Срам да ти е, Полска“, „Приведете го Нетанјаху“, „Воен злосторник“ и „Стоп за геноцидот“.
Полскиот претседател Анджеј Дуда вчера побара од Владата да се погрижи Нетанјаху да може да учествува на настаните по повод 80-годишнината од ослободувањето на концентрациониот логор Аушвиц без страв од приведување за воени злосторства во Газа.
Полскиот кабинет потоа усвои резолуција со која се осигурува безбедното учество на израелските официјални лица на церемонијата што ќе се одржи во озлогласениот нацистички логор.
Во ноември, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за приведување на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.
Од 7 октомври 2023 година, израелската војска води геноцидна војна во Појасот Газа, убивајќи повеќе од 46.000 луѓе, главно жени и деца, прекршувајќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации која повикува на итен прекин на огнот.
Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради смртоносната војна во Газа.