Mustafa Deveci
20 Септември 2021•Ажурирај: 21 Септември 2021
ЕРУСАЛИМ
Поранешниот израелски премиер, Бенјамин Нетанјаху ги исмејa моментите кога американскиот претседател Џо Бајден дремеше за време на неговата средба со израелскиот премиер, Нафтали Бенет, пренесува Агенција Анадолија (АА).
На видеото што го сподели на својата страница на Фејсбук, Нетанјаху алудира на состанокот Бајден-Бенет одржан во Белата куќа на 27 септември.
„Видов дека Бајден на средбата беше многу внимателен“, коментираше Нетанјаху за видео-снимката на која Бајден седи со наведната глава и затворени очите на средбата со Бенет.
Израелските медиуми напиша дека Нетанјаху алудира на наводите дека Бајден заспал за време на неговата средба со Бенет.
- Ликуд направи чекор назад
По веста, партијата на Нетанјаху, Ликуд, објави соопштение во кое истакна дека поранешниот премиер го критикувал Бенет, а не Бајден.
Многу Израелци, предводени од пратениците на Ликуд на своите профили на социјалните медиуми ја споделија снимката на која Бајден наводно дреме за време на средбата со Бенет.
Од друга страна, израелските медиуми напишаа дека Бајден не заспал за време на состанокот и дека снимката била монтирана.