19 Септември 2021•Ажурирај: 20 Септември 2021
МОСКВА (АА) - Во Русија се одржуваат избори за Долниот дом на Парламентот, кои траат три дена, јавува Агенција Анадолија (АА).
Гласачките места беа отворени во петокот наутро во регионите на Далечниот Исток Камчатка и Чукотка, кои се девет часа пред Москва.
Сите 450 пратенички места во Државната дума се избираат на изборите кои траат до денес, 19 септември. Официјалните претставници за изборите рекоа дека е потребна промена со оглед на пандемијата на Ковид-19, која силно ја погоди Русија.
Меѓутоа, опозициските активисти и одредени пратеници либерали рекоа дека овој потег е дел од напорите на Кремљ да манипулира со излезноста и да овозможи веројатно мнозинска победа на владејачката партија Единствена Русија.
Властите, исто така, се обидоа да го блокираат најголемото потенцијално изненадување на изборите, иницијативата „Паметно гласање“, поддржана од затворениот активист и опозиционер Алексеј Навални.
Рускиот претседател Владимир Путин ги повика Русите да гласаат, порачувајќи во видеопорака во четвртокот дека „изборот на новиот состав на Думата е несомнено најважниот настан во животот на руското општество и земјата“.
Предизборните анкети на независниот центар „Левада“ покажуваат дека повеќето Руси не се задоволни од функционирањето на Думата.
Единствена Русија има мнозинство во Думата, но нејзината популарност е најниска во последните две децении, колку што постои.