Gülşen Topçu
18 Септември 2021•Ажурирај: 19 Септември 2021
АЛЖИР (АА) - Абделазиз Бутефлика, поранешниот претседател на Алжир, почина на 84-годишна возраст, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Соопштението беше објавено од Претседателството на Алжир, но не беа дадени повеќе детали.
Откако дојде на власт во 1999 година по граѓанската војна, Бутефлика владееше со земјата и покрај тоа што страдаше од парализа од 2015 година поради влошената здравствена состојба.
Тој се кандидираше за петти мандат на функцијата претседател во февруари 2019 година, потег што предизвика масовни протести во земјата.
Бидејќи алжирската Армија објави поддршка за протестите и како што тие продолжуваа да растат, Бутефлика беше принуден да поднесе оставка во април 2019 година.