Rıyaz Khalıq
07 Февруари 2020•Ажурирај: 08 Февруари 2020
АНКАРА (АА) - Бројот на патниците на бродот во Јапонија кај кои е потврдена заразата со коронавирус е зголемен на 61 лице, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од Министерството за здравство на Јапонија се вели дека на над 41 лице наодите од тестирањата им биле позитивни, со симптоми на вирусот кој за првпат се појави во кинескиот град Вухан во декември минатата година.
На патничкиот брод, што во вторникот беше усидрен во пристаништето Јокохама и е ставен во карантин, се наоѓаат околу 3.700 патици и екипаж од 56 земји и региони.
Дијагностицираните со вирусот се лица од 20 до 80-годишна возраст и се пренесени во здравствените центри во Токио и околните перфектури Сиаитама, Чиба и Канагава.
„Ниту еден [патник] нема тешки симпотми“, се вели од Министерството.
Меѓу заразените лица се наоѓаат 21 лице од Јапонија, 8 Американци, 5 Австралијци, 5 лица од Канада и по еден од Аргентина и Велика Британија.
„Од 20 патници за кои беше утврдено дека веќе биле заразени, еден е во сериозна состојба“, се додава од Министерството.
Бродот, заедно со патниците беше стопиран на пристаништето, откако било откриено дека еден патник бил заразен со вирусот.
„Бидејќи луѓето поминуваа заедно одреден период во затворено опкружување, тие имаа повторувачки близок контакт“, рече министерот за здравство, Катсунобу Като, на прес-конференција.
Министерството за надворешни работи на Северна Македонија соопшти дека на бродот се наоѓаат и тројца македонски државјани.
Патничкиот брод се врати во пристанишниот град Јокохама минатиот понеделник откако пловел во градовите Кагошима, Хонгконг, Виетнам, Тајван и Окинава. Го напуштил истото пристаниште на 20 јануари.
Преземајќи мерки за да се запре ширењето на фаталниот вирус што предизвика најмалку 637 смртни случаи, Јапонија побара друг крстосувачки брод што доаѓа од Хонгконг, да не влегува во земјата.
Бродот, кој треба да влезе во пристаништето Наха во перфектурата Окинава в сабота, треба допрва да одговори на барањето на јапонската Влада. Тој пренесува 1.455 патници и екипаж од 802 лица.